Можеби сте слушнале дека експертите препорачуваат 150 минути умерена активност или 75 минути енергична активност секоја недела за возрасните. Пливањето е одличен начин за работа на целото тело и кардиоваскуларниот систем, а само еден час пливање согорува речиси исто толку калории колку и трчањето, пренесува Healthline. Како што објаснуваат експертите, има многу придобивки ако почнете да пливате секој ден.
Овие придобивки вклучуваат:
- зголемување на отчукувањата на срцето
- тонирање на мускулите
- поголема сила и издржливост
- намалување на ризикот од прерана смрт
- намалување на крвниот притисок
- контролирање на шеќерот во крвта
- олеснување на симптомите на артритис
- побрзо закрепнување од повреди
- намалување на болката
- губење на тежина
- подобар квалитет на сон