Во склоп на Спортскиот центар Борис Трајковски се наоѓа затворен објект во кој има ТРИ базени наменети за пливање од најмала возраст до највозрасните, за сите оние кои инвестираат во своето здравје и здравјето на своите деца. Објектот располага со индивидуални и групни гардероби, опремени со ормарчиња, туш кабини, сауна. Во базенот се наоѓа и трибина која е наменета за натпревари, гледалиште со капацитет од 450 гледачи.
Димензиите на големиот базен се 33 метри со 25 метри и длабочина 2 метри. Овој базен покрај што се користи за рекреативно пливање, се користи за обуки на деца за пливање, нуди услови и за организирање на пливачки натпревари во кратки базени како и зимски државни првенства. Во пливачкиот базен димензиите овозможуваат и организирање на ватерполо натпревари, согласно ФИНА правилата со професионален соодветен терен за ватерполо и голови.
Во склоп на објектот има уште два базени од кои едниот е со димензии 20 метри со 6 метри и длабочина од 60 см до 120 см и најмалиот со димензии 12 метри со 8 метри и длабочина 75 см. Овие базени се наменети за обука на непливачи и за терапевтски вежби на оние кои им е најпотребно користејќи го добробитот на водата.
Во склоп на објектот се наога и тераса наменета за сите оние кои сакаат уживањето да им биде целосно во летниот период и со пријатна музика.
Пливачкиот базен нуди најдобри услови за секој посетител, со беспрекорно чиста вода , која што се одржува со најсовремена технолоогија, со што допринесе за се поголем број на посетители.