Можеби сте слушнале дека експертите препорачуваат 150 минути умерена активност или 75 минути енергична активност секоја недела за возрасните. Пливањето е одличен начин за работа на целото тело и кардиоваскуларниот систем, а само еден час пливање согорува речиси исто толку калории колку и трчањето, пренесува Healthline. Како што објаснуваат експертите, има многу придобивки ако почнете да пливате секој ден.

 

Овие придобивки вклучуваат:

  • зголемување на отчукувањата на срцето
  • тонирање на мускулите
  • поголема сила и издржливост
  • намалување на ризикот од прерана смрт
  • намалување на крвниот притисок
  • контролирање на шеќерот во крвта
  • олеснување на симптомите на артритис
  • побрзо закрепнување од повреди
  • намалување на болката
  • губење на тежина
  • подобар квалитет на сон